Atila Altuntaş
17 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
СТОКХОЛМ
Државната телевизија на Шведска (STV) на своите вработени им забрани на службените уреди да ја користат апликацијата „ТикТок“ на кинеската компанија „Бајт Денс“ (ByteDance), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на шведската Државна телевизија е наведено дека од вработените на телевизијата е побарано на мобилните телефони кои ги користат за пристап на службен е-маил да не биде инсталирана апликацијата „ТикТок“.
Оние кои претходно ја инсталирале апликацијата се принудени да ја избришат поради, како е наведено, количината на податоци кои „ТикТок“ ги собира во однос на нивото на потребните.
Американскиот сенат минатата недела усвои закон со кој на државните службеници им е забрането преземање и користење на апликацијата „ТикТок“.