Diyar Güldoğan
06 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф имал „многу продуктивен“ состанок со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Анадолу.
„Остварен е голем напредок!“, напиша Трамп на „Truth Social“.
Трамп рече дека информирал некои од европските сојузници.
„Сите се согласуваат дека мора да ѝ се стави крај на оваа војна и ние ќе работиме на тоа во деновите и неделите што доаѓаат“, додаде тој.
Виткоф пристигна во Москва денес, а ова е негова петта посета на Русија од почетокот на годината. Последен пат се сретна со Путин на 25 април.
Посетата се случи два дена пред рокот од 10 дена што Трамп ѝ го постави на Русија да постигне договор за прекин на огнот со Украина.