İlayda Çakırtekin
24 Август 2026•Ажурирано: 24 Август 2026
Шефот на Националната агенција за кибер и информациска безбедност на Чешката Република ја повика Владата да биде претпазлива во врска со растечката зависност од кинеските технологии, објави Чешкото радио, пренесува Анадолу.
Лукас Кинтр за време на онлајн програмата нагласи дека чешката Влада треба да биде претпазлива во врска со зголемувањето на зависноста од кинеските технологии.
Кинтр рече дека државата треба да има „план Б“ во случај таквите технологии да престанат да функционираат.
Понатаму тој нагласи дека Кина продолжува да се занимава со кибершпионажа против Чешка.
Чешкиот медиум го цитираше годишниот извештај на агенцијата како показател за пад на бројот на регистрирани кибернапади минатата година, истовремено забележувајќи дека нападите станале сè пософистицирани.
Минатата година чешката Влада соопшти дека хакери од група поврзана со безбедносните служби на Кина се инфилтрирале во системите на чешкото Министерство за надворешни работи.