Kristina Maslareviç
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
БЕЛГРАД ( АА ) - По одржаниот состанок во Белград, српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот на одборот за односите со ЕУ Гинтер Кирхбаум строго ги осудија терористичките нaпади кои се случија денес во Брисел, јавува Анадолу агенцијата ( АА ).
“Разговаравме за катастрофата која се случи во Брисел и морам да кажам дека и двајцата сме згрозени од овие случувања, со тоа што им изразивме сочуство на семејствата на настраданите и на белгискиот премиер. Јас верувам дека Европа и целиот свет ќе успеат да пронајдат најдобар начин и одговор за сите овие ужасни работи кои ни се случуваат, но никој од нас не смее да го направи она што терористите најмногу би го сакале, а тоа е да паничиме и внесуваме неред меѓусебно” , рече премиерот Вучиќ. “
"Согледувајќи го фактот дека синоќа доцна преку Брисел пристигнав во Белград, морам да кажам дека навистина сум згрозен од овие ужасни случувања. Има многу загинати и многу обвиени во тага поради загубата на членовите од семејството. Навистина ги осудуваме овие терористички акти, на кои бројката се повеќе се зголемува, нашето сочуство е со семејствата на жртвите”, наведе Кирхбаум на заедничката прес - конференција која се одржа во Владата на Србија.
Српскиот премиер додаде дека и во Србија поради поплавите и мигрантските кризи е зголемена функционалната оперативност на безбедносните сили, со тоа што во текот на наредните денови добро ќе се разгледа како додатно да се заштитат клучните објекти. Но, ако земјите кои се дваесет пати побогати од нас не успеаја да ги спречат катастрофите во центарот на ЕУ, нема да можеме и ние. Но, психопатологијата не е лесно да се победи. Ќе победиме најдобро со тоа што ќе им покажеме дека не се плашиме и ќе ги превземеме сите мерки да ги заштитиме луѓето колку што е можно повеќе”, наведе Вучиќ.
Тој истакна дека Србија иако е мала и безначајна во однос на големите земји како што е Германија, им пружа потполна поддршка во борбата против тероризмот, со тоа што е спремна да учевствува на сите можни начини.
“Ова што се случи во Брисел е навистина голема катастрофа како и катастрофата што се случи во Париз. На овој начин тие ни испраќаат порака дека никаде не сме безбедни, дека никаде не смееме да патуваме. Ги рушат европските стандардни вредности со тоа што го уништуваат начинот на живот на кој Европјаните се навикнати. Mислам дека е крајно време да им се спротиставиме”, наведе Вучиќ.