Fatjon Prronı
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
СОФИЈА (АА) - Новата бугарска партија која ги спојува заедно малцинските групи, вклучувајќи ги и етничките Турци, вчера избра лидер на својот прв конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Љутви Местан, единсвениот кандидат, беше едногласно избран за лидер на партијата на Демократите за одговорност, слобода и толеранција (ДОСТ). Повеќе од 1,100 делегати исто така гласаа за партискините органи на партијата и за нејзиниот стaтут.
Местан, кој претходно го водеше Движењето за правата и слободите (ДПС), даде заклетва дека ќе ги брани правата на сите малцинства во Бугарија.
“ДОСТ е основана во името на еднакви права за сите бугарски жители, без оглед на нивниот јазик и религиja”, изјави Местан за Бугарската новинска агенција (БTA).
Тој рече дека новата партија ќе биде “про-НАТО и Европска партија”.
Местан, инаку пратеник во Народното Собрание, ја назначи важноста на изучување на јазикот на малцинствата. “Сите жители на нашата земја мора да го знаат нивниот мајчин јазик и слободно да го говорат”, рече тој.
Тој, исто така, ја нагласи важноста на врската меѓу Бугарија и Турција, потенцирајќи дека Анкара строго го поддржува членството на Бугарија во НАТО.
Фатма Бетул Каја, заменик-претседателката на Партијата за правда и развој во Турција присуствуваше на Конгресот, како и заменикот-претседател на Партијата за национално движење, Семих Јалчин и пратеникот на Републиканската партија Ахмет Акин. Дипломати од Турција, Украина, Франција и Полска исто така присуствуваа на Конгресот.
Местан беше протеран од ДПС веднаш по парламентарниот говор во кој ги бранеше Турција и НАТО во врска со соборувањето на рускиот воен авион на турско-сириската граница во ноември.