Bekim Laci
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија организираше прес-конференција на темата "Предизвиците за новоформираната групација за оружје, експлозиви и опасни материјали, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, јавува Anadolu Agency (AA).
Димитар Мангулов претседателот на Групацијата, рече дека заради тоа што активноста за производство на оружје и експлозивни средства е многу мала во Македонија, компаниите од областа на оружјето, експлозивните материјали, пиротехнички и други опреми за воени и цивилни цели, имаат воспоставено групација која ќе работи во рамките на Стопанската комора на Македонија со име "групација за оружје и опрема".
Мангулов рече дека наведените индивидуални проблеми биле главната причина за тоа што се обединети во основаната Групација.
Шефот на групацијата за оружје и опрема, бара од органите регулирање на законот на пиротехнички средства.
"Основните цели на Групацијата ќе бидат воспоставување на поблиска соработка со надлежните органи и институции во насока за унапредување на дејноста поврзана со производство и трговија со оружје, експлозивни и опасни материјали, пиротехнички средства и опрема за воени и цивилни намени. Една од целите е поттикнување на производството на вооружување и воена опрема (ВВО) во Република Македонија", рече Мангулов, додавајќи дека во поранешна Југославија, Македонија има произведувано оружје, но сега овие фабрики не функционираат.
Токму заради овој факт, рече тој, посебен акцент ќе биде ставен на снабдувањето со воено оружје и воена опрема што македонската армија го прави главно од увоз, за што побара субвенции од државата за производствените капацитети на Македонија.
"Сите држави што нè опкружуваат, вклучувајќи ги Косово и Албанија, одамна го имаат тој закон за експлозиви со кој се регулира тематиката на пиротехниката, односно транспортот и реализација на огнометот", рече Мангулов, според кој во Македонија е јасно дефиниран начинот, растојанието и големината на експлозивните средства кои може да се користат за време на прослави со огномет.
Во однос на увозот и извозот на оружје, Групацијата за оружје и опрема нема податоци за количината на увезеното оружје, затоа што велат дека имаат информации само за извезените количини, кои се многу мали.