Веско Гарчевиќ: Црна Гора на 1-ви декември очекува покана за членство во НАТО
- „Од моментот кога е усвоен механизмот за интензивирање на разговорит во Велс, Грна Гора ги интензивираше тековните обврски кои се потребни за добивање покана.
Adel Omeragic
20 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
PodgoricaПОДГОРИЦА (АА) – Црна Гора во претходниот период заврши голема работа кога станува збор за исполнување на критериумите за членство во НАТО и очекуваме да добиеме покана на 1-ви декември, рече во интервју за Anadolu Agency (АА), Веско Гарчевиќ, национален координатор на Црна Гора за НАТО.
Тој верува дека една од главните причини зошто половина од граѓаните на Црна Гора не го поддржуваат членството во НАТО е свежото сеќавање на бомбардирањето од 1999 година, додека за протестите на Демократскиот фронт, кои се одржаа минатиот месец, Гарчевиќ вели дека се „анти-НАТО“.
Верува дека со членство на Црна Гора во НАТО и регионот ќе биде постабилен.
- Одлука во Брисел
„Од моментот кога е усвоен механизмот за интензивирање на разговорите во Велс, Грна Гора ги интензивираше тековните обврски кои се потребни за добивање покана. Сметаме дека атмосферта кај нашите НАТО партнери е позитивна и дека имаме причина да очекуваме исходот да биде позитивен. Ги исполнивме сите обврски од четирите области, а една од нив е и владеењето на правото. Втората област е рефоорма на секторот за безбедност, каде ги исполнивме очекувањата, и на крај поддршката на јавноста за членство во НАТО“, рече Гарчевиќ.
Истражувањето на CEDEM, која беше спроведена од 30 октомври до 7 ноември, покажа дека за прв пат мнозинство од граѓаните на Црна Гора, поточно 50,2 отсто даваат поддршка за членство во НАТО. Гарчевиќ очекува поддршката да расте уште повеќе во иднина.
Опозициските политички субјекти, кои се противат на членството на Црна Гора во НАТО бараат за ова прашање граѓаните да го кажат своето мислење на референдум.
- Ефектите од членство се повеќестрани
„Некои од ефектите ќе видиме многу скоро, а некои за неколку години. Тие се политички, безбедносни и економски. Кога говориме за политичките придобивки, ние стануваме членка на организација составена од најразвиените земји на светот.Кога зборуваме стратешки, можеме да се споредиме со земјите кои го имаат поминато истиот пат, тоа е патот кој ќе не доведе во ЕУ, со што се потврдува нашето определување да бидеме дел од светот, да ги примениме стандардите кои тие земји ги гаат. Тоа се вредности кои се видливи во една парламентарна демократија, во слободниот протек на стоки и капитал, во зајакнување на институциите и владеењето на правото. Кога зборуваме за безбедноста, секако, за една мала земја на Балканот, тоа обезбедува долгорочна безбедност, интегритет на нејзините граници, а јас би рекол дека тоа има благотворно влијание врз безбедноста на целиот Балкан“, истакна меѓу другото Гарчевиќ.
На прашањето што добива НАТО со членството на Црна Гора во оваа организација, Гарчевиќ одговара:
„Со стабилизација на Балканот, ја стабилизираме и Европа. Да не заборавиме дека Црна Гора има пристап до Јадранското Море“, рече Гарчевиќ.