?????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Самитот на Атланскиот совет во Истанбул ја повика меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот како закана за глобалниот мир и стабилност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Истанбул се одржува 7-миот Енергетски и Економски Самит на Атланскиот совет, а на воведниот панел, Грабер-Китаровиќ истакна дека Европската унија и меѓународната заедница поминува низ период кој е пресвртница за подобра иднина.
Истакнувајќи дека целата меѓународна заедница мора да се соочи со вистината по 70 години од завршувањето на Втората Светска војна, Грабар-Китаровиќ кажа дека на светот му е потребна одговорност и акција.
„Никој не треба да мисли дека без ангажман може да се изолира од заканите во модерниот свет“, порача хрватската претседателка. Нагласувајќи дека Хрватска е мала, но поради геополитичката положба е исклучително важна земја, Грабар-Китаровиќ кажа дека како претседателка се залага за спроведување на амбициозна политика на својата држава. Осврнувајќи се и на актуелните стратешки енергетски проекти во светот, кажа дека тие денес се реализираат со посредство на Турција и додаде дека позицијата на Турција во трансферот на енергија е од витално значење.
Грабар-Китаровиќ нагласи дека Хрватска е мост меѓу Медитеранот и централна Европа и дека со низа енергетски проекти допринесува кон енергетската стабилност во Европа. Состанокот помеѓу Ердоган и Грабар-Китаровиќ се одржа на работениот ручек во палатата, затворен за медиумите.
- Еди Рама: Заедничките проекти се клуч за енергетската стабилност на регионот
На учесниците на Самитот во Истанбул им се обрати и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој рече дека за одржување на енергетската стабилност на земјите од регионот потребна е работа на заедничките проекти од таа област.
„Југоисточна Европа и Балканот имаат голем потенцијал во обновливите енергетски извори. Земјите од Западниот Балкан не ги имаат искористено тие потенцијали поради каснење во реформите. Зависни се и понатаму од фосилните горива и енергијата која доаѓа од термоцентралите. Албанија е земја која по Шведска има најголем хидроенергетски потенцијал во Европа“, рече Рама.