?????
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
АТИНА (АА) - Фармерите во северниот дел на Грција го блокираа сообраќајот на главниот патен правец во земјата, интензивирајќи ги протестите против мерките за штедење наложени од страна на кредиторите, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите на протестот изјавија денес дека блокадата со трактори на патниот правец кои ја поврзува Атина со вториот по големина град во Грција, Солун, ќе биде на неодредено време, сè додека владата не го повлече предлогот за даночно зголемување и за промените во пензискиот систем.
Новите мерки за штедење предизвикаа големи протести против владата на Алексис Ципрас, од страна на бројни сектори, од адвокати до поморските работници.
Фармерите од цела Грција во петок планираат да допатуваат во Атина, со цел одржување на тридневен протест пред парламентот.