Dejan Maksimoviç
29 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓународната организација за миграции (ИОМ) предупреди дека бројот на смртните случаи на мигрантите кои го поминуваат морето, посебно на релацијата во Егејското море за време на преоѓањето од Турција во Грција, алармантно се зголемува, јавува Anadolu Agency (AA).
Од 1 до 28 јануари оваа година ИОМ регистрираше дури 218 смртни случаи на источната медитеранска рута помеѓу Турција и Грција.
Жоел Милман, портпаролот на ИОМ, нагласи дека овој податок е загрижувачки посебно кога ќе се земе в предвид дека "само" 55.000 луѓе дошле преку овој пат во Европа, што е значително помалку отколку во екот на мигрантската криза за време на 2015 година.
Кога на бројот на смртните случаи од Егејското море ќе му се додадат 26-те смртни случаи на традиционално опасната рута помеѓу Либија и Италија, тогаш се доаѓа до вкупната бројка од 244 загинати мигранти за време на преоѓањето на морето. Со оглед дека од Либија во Италија е регистрирано преминување на 3.473 мигранти, јасно е дека и на централната медитеранска рута има голем број на смртни случаи.
ИОМ изнесе податок дека за време на целата 2015 година во морето на источната медитеранска рута се забележани 805 случаи со трагичен исход.