Bekim Laci
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Политичките претставници на четирите политички партии кои го потпишаа Договорот во Пржино, денеска во Клубот на пратениците се сретнаа со посредникот во разговорите, Питер Ван Хауте, за да го разгледаат изборното законодавство, на состанокот присуствуваше и шефот на Државната изборна комисија во Македонија, Александар Чичаковски, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на ДИК на политичките партии им го презентираше ставот во врска со чистење на изборните листи. Во писмото кое им го даде на новинарите, Чичаковски пишува дека формирањето на ДИК со задоцнување, има влијание врз подготовката на изборната инфраструктура. Според него, чистењето на избирачките списоци се врши во неколку фази и дека ДИК е моментално во првата фаза, а тоа ќе трае три до четири месеци за да го заврши прочистувањето на списокот.
"На прашањето дали на 24-ти април ќе има можност да се одржат изборите, мојот одговор е дека технички тие би можеле да се одржат, но контролата и прочистување на избирачкиот списоци не може да се реализира", вели тој.
Ван Хауте од своја страна, рече дека техничките прашања треба да продолжат во ДИК, бидејќи, како што рече тој, сите политички партии имаат свои претставници во Државната изборна комисија.
Потсетуваме дека новата Државна изборна комисија доаѓа од политичкиот договор од јуни/јули, според кој четирите најголеми партии во земјата се согласија за составот на независните експерти и членови на партиите, со задача да се исчисти избирачкиот список.