?????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, во резиденцијата Тарабја во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Албанскиот премиер, Рама се наоѓа во Истанбул, во рамките на Самитот за енергетика и економија која се одржува во Турција, каде оствари средба со турскиот претседател.
Тој одржа говор во рамки на форумот, каде ги истакна реформите во енергетскиот систем, наведувајќи дека енергетската состојба во Албанија се трансформираше во изминатите две години.
Албанскиот премиер додаде дека "заедничкиот примерок на ЕУ е дека енергијата треба да биде поделена".
Рама тврди дека тие ги модернизираат врските со Грција и Црна Гора и ги подобруваат интерконекциите со Косово и Македонија, според него ТАП проектот ја става Албанија во геостратешка положба на ЕУ.
На самитот, исто така, присуствуваше претседатеката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Меѓу присутните на самитот беше и министерот за економија на Турција, Нихат Зејбекчи.
Самитот за енергетика и економија се одржува во Истанбул, во организација на Атлантскиот совет, на кој покрај високи функционери, присуствуваа и експерти од областа на енергетиката и економијата.