свет, политика

ЕУ планира да го суспендира безвизниот режим за грузиските дипломати

- На грузиската Влада, Фон дер Лајен ѝ порача: „Престанете да му наштетувате на сопствениот народ“.

Necva Taştan Sevinç  | 20.12.2024 - Обновена : 21.12.2024
ЕУ планира да го суспендира безвизниот режим за грузиските дипломати

Истанбул

Европската Унија (ЕУ) денес објави предлог за суспендирање на безвизниот режим за грузиските дипломати, посочувајќи на насилниот одговор на про-ЕУ протестите, пренесува Анадолу.

„Грузискиот народ протестира против изборот на владата да го запре патот кон ЕУ. Мирните протести наидоа на полициско насилство. Денеска предлагаме визни рестрикции за грузиските дипломати“, истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку платформата X.

На грузиската Влада, Фон дер Лајен ѝ порача: „Престанете да му наштетувате на сопствениот народ“.

Граѓаните на Грузија во изминатите 23 дена протестираат против одлуката на Владата да ги одложи преговорите со ЕУ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.