Alma Dekovic
14 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
БРИСЕЛ (АА) - Со состанокот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, денес во Брисел започна новата рунда преговори Белград - Приштина, известува Анадолу.
Новата рунда преговори од дијалогот Белград - Приштина започна со состаноците на Борел и Лајчак, прво со делегацијата на Белград, предводена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
По состанокот, претставниците на ЕУ ќе одржат средба и со премиерот на Косово, Албин Курти, по што се очекува трилатерален состанок.
По завршувањето на состанокот, на новинарите ќе им се обрати шефот на европската дипломатија Борел.
Во фокусот на состанокот ќе биде имплементацијата на Договорот за нормализација, како и актуелните прашања, најавија од ЕУ.
Последниот состанок се одржа на 22 јуни оваа година, поради растечките тензии во северниот дел на Косово, на повик на европските официјални лица.