Ekipa
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, на заедничката церемонија на годишниот дијалог на високо ниво помеѓу двете земји истакна дека разликите помеѓу Пекинг и Соединетите Американски Држави се нормални и ги повика двете страни да ги решат „сензитивните прашања”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хонконшкиот дневен весник "South China Morning Post" објави дека кинескиот претседател на отворањето на осмиот Стратешки и Економски Дијалог во Пекинг истакнал дека двете земји треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката во врска со Азиско-пацифичките прашања.
„Треба да ја зголемиме меѓусебната доверба помеѓу двете земји”, рече Си. „Не постои причина да се плашиме од постоењето на разлики, клучот е да не се прифаќа конфронтирачки став кон било која разлика”.
Дијалогот се одвива во тензичен период помеѓу двете земји, поради територијалните претензии на Кина во спорните области на Јужното Кинеско Море.
„Одредени разлики може да се решат со одредени напори а двете страни треба да работат повеќе со цел нивно решавање”, истакна тој.
„Некои разлики не можат да се разрешат во моментов а двете страни треба да ја земат в предвид сопствената актуелна ситуација и да имаат конструктивен пристап”, додаде Си Ѓипинг.