Gordana Šimovic
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
МОСТАР (AA) - Дванаесеттата годишнина од загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски, кој заедно со соработниците и членовите на екипажот настрада во авионска несреќа при патувањето кон Мостар на Меѓународна инвестициска конференција, денес е одбележана со полагање на венец пред Спомен-обележјето на Матиќевиот рид, јавува Anadolu Agency (AA).
Дека се работи за голема историска личност сведочеше и фактот што на спомен-обележјето, со семејството Трајковски при полагање на венецот во чест на трагично загинатиот македонски претседател, чест одаде и раководството на градот Мостар, во придружба на претставници на власта на БиХ на поголемо ниво, како и дипломатскиот кор во БиХ. Во македонската делегација во име на Претседателот на Република Македонија присуствуваа Милутин Арсоски, шефот на Одделот во Кабинетот на претседателот, во име на Владата на Република Македонија, Елена Кузмановска, државен секретар во МНР и Димче Петровски, директор на Главниот стожер на Армијата на Република Македонија.
„Борис Трајковски во текот на целото свое политичко делување градеше мостови на соработка, кои ги поврзуваа народите на пошироките простори“, истакнато е меѓу останатото, на денешното положување венец на спомен-обележјето.
Сеќавајќи се на животот и делото на Борис Трајковски нагласено е дека тој беше многу важна личност за историјата на Македонија, како и тоа дека го краселе одликите на голем политичар, државник но пред сè човек и вистински пријател.
„Иако поминаа 12 години, нашата болка е сè уште голема", кажа во име на Владата на Република Македонија, државната секретарка во МНР Елена Кузмановска, на местото на трагедијата која на Македонија засекогаш и го зеде вистинскиот лидер, државик и голем човек.
Градоначалникот на Мостар, Љубо Бешлиќ, порача дека македонскиот претседател животот го изгуби во многу важна политичка мисија и се присети на денот кога се исчекуваше доаѓањето на тогашниот македонски претседател Трајковски во Мостар.
„Тоа требаше да биде еден позитивен настан, но се случи таков несреќен настан и сите останавме затекнати и навистна конфеенцијата која ја предвидувавме за подобра соработка во поширокиот регион доведоа во една ситуација каде сите жалевме и го поминавме времето во така за загинатиот претседател Трајковски кој заврши овде на ова место", рече Бешлиќ.
Тој нагласи дека загинувањето на претседателот Трајковски е голем камен кој ги спојува во еден мост мозаиците на двата народи, и кој воедно е и потстрек на другите за соработка, која според него е клуч за просперитетна иднина.
„Ние со ова одбележување на 12-годишнината од трагичниот настан вградуваме уште еден камен во искрениот цврст и пријателски мост кој трајно ќе не потсетува на Борис Трајковски. Градот Мостар и сите негови граѓани со тага и почитување ќе се сеќаваат на македонскиот претседател кој беше вистински пријател на Мостар", пренесува Anadolu Agency.