Zülfiya Yakup
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ПРИШТИНА (АА) - Пленарната седница на Собранието на Косово започна утрово според претходно предвидениот дневен ред, и досега немаше предлози за дискусија во врска со демакрација на границата со Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
На почетокот на седницата во делот резервиран за прашања надвор од дневниот ред, пратеникот на движењето „Самоопределување”, Албин Курти, го оцени договорот за демаркација на границата со Црна Гора како договор за капитулација, кој брзо ќе биде проследен до Собрението на легитимација на „тој акт на невидено предавство и криминал”.
Курти наведе дека вчерашната дебата потврдила дека експертите и опозицијата имале право кога се спротиставиле на овој договор, со кој Косово губи 8.200 хектари земјиште од подрачјето на границата.
Протестот на поддржувачите на „Самоопределување” против демаркацијата со Црна Гора, на кој се собраа стотици граѓани заврши мирно.
На дневниот ред на денешната седица има 17 точки, меѓу кои и разгледување на Нацрт законот за ратификација на Договорот за кредитот помеѓу Владата на Република Косово и Уникредит Банк Австрија АГ (Unicredit Bank Austria AG) за финансирање на проектот за модернизација на службата на инвазивна хирургија, разгледување на Нацрт законот за ратификација на Договорот за основање на Фондот на Западен Балкан, разгледување на нацрт законот за ратификација на финансискиот договор помеѓу Владата на Косово и европските инвестициски банки за Проектот на рехабилитација на железничката линија 10 и разгледување на нацрт законот за ратификација на Договорот за гаранција помеѓу Република Косово и Европската банка за обнова и развој на Проектот на урбан сообраќај.