Ekip
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Сирија и за новонајавениот руски систем на вооружување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на германската канцеларка соопштија дека Меркел и Трамп разговарале синоќа и дека се согласиле околу потребата, силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и нивните сојузници, да ја почитуваат усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН и воспоставувањето на прекин на огнот на подрачјето на Сирија.
Меркел и Трамп ја повикаа Русија да престане да учествува во бомбардирањето на Источна Гута, предградие на Дамаск, кое е под контрола на опозицијата.
Тие сметаат дека Владата на сирискиот претседател ја сноси одговорноста за употребата на хемиското оружје, за нападите врз цивилите и за хуманитарната блокада во Сирија.
Лидерите на Германија и САД, исто така, изразија загриженост по повод вчерашната изјава на рускиот претседател Владимир Путин за нивниот систем на оружје, укажувајќи на негативните последици, кои може да ги има по меѓународните напори за контрола на вооружувањето.