Меркел открива нова политика за процесуирање на бегалците
Новата политика вклучува создавање пет центри, оние кои ќе бараат азил би биле сместени во посебни центри од оние за кои се смета дека преставуваат ризик за безбедноста?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
БерлинГерманската канцеларка Ангела Меркел, заедно со одговорните на сите владеачки коалициони партии, објавија нова политика за забрзано процесуирање на бегалците, јавува Anadolu Agency.
На состанокот што се одржа во четвртокот присутни беа Меркел, лидерот на централистичката Христијанско-Демократска Унија (CDU), Вице-канцеларот Сигмар Габриел, лидерот на левичарските Социјал-демократи (SPD) и Хорст Сихофер, премиер на Баварија и лидер на конзервативната Христијанско- социјалистичка Унија (CSU).
- На состанокот, Меркел го одби предлогот за создавање специјални транзит зони за бегалците на границите на земјата, како што предложија партиите CDU и CSU.
SPD жестоко го критикуваше предлогот, велејќи дека на камповите ќе се гледа како на „притвор - кампови“, изјави Габриел за печатот во вторникот.
Новата политика, според општите изјави, повикува на создавање пет специјални центри за бегалците. За оние кои постои можност за добивање азил ќе бидат сместени во посебни центри од оние за кои се мисли дека би претставувале ризик по безбедноста.
Процедурата за сослушување на барањата за азил ќе биде забрзана, а случаите ќе бидат преслушувани за една недела. При забрзана постапка за азил, случаите би биле преслушувани во период од една недела до неколку месеци, а за барањата ќе бидат потребни уште само плус две недели.
Новата процедура ќе се фокусира на причините поради кои бегалците ги напуштаат своите домови, земајќи в предвид дали бегаат од непосредна опасност или само бараат подобри услови за живот.
Планот вклучува и создавање посебна идентификациона карта за бегалците, која ќе биде потребна за сите процедури.
Некои бегалци ќе мора да платат дел од своите трошоци во текот на процедурата.
На прес-конференција, по состанокот, Меркел повика на прогрес по прашањето на бегалците, прашање по кое се разви голема полемика во Германија.
„Преземавме голем чекор напред, чекор со позитивни последици“, рече Меркел.
„Треба да покажеме дека сме отворена и толерантна земја, но исто така и земја која го почитува својот поредок“, им кажа на новинарите.
Министерот за финансии, Волфганг Шаубл, во германскиот парламент во четвртокот изјави дека трошокот од примање на бегалците ќе достигне 20 милјарди долари.
Но тој пред парламентот рече дека земјата ги има потребните фондови за да се соочи со тој предизвик.
Германската влада изјави дека очекува да прими најмалку 800.000 баратели на азил оваа година. Но, околу 700.000 веќе пристигнале, па многумина набљудувачи сметаат дека бројот ќе биде многу поголем.
Се претпоставува дека околу три милиони мигранти ќе пристигнат во Европа до крајот на 2017 година, според предвидувањата на Европската Комисија објавени во четвртокот.