?????
06 Ноември 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан, кој престојува во еднодневна посета на Косово, изрази очекување дека до крајот на годината ЕУ ќе даде согласност за визна либерализација за граѓаните на Косово, јавуја Anadolu Agency (AA).
Тој по одделните состаноци со Претседателката на Косово, Атифете Јахјага и Премиерот Иса Мустафа, истакна дека им честита за потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација (SSP) помеѓу Косово и ЕУ, како и на Премиерот Мустафа на неговата конструктивност во дијалогот кој се води во Брисел со Србија.
„Тој покажа дека може да носи тешки одлуки. Иако не е лесно, верувам дека беше неопходно и во европски интерес. Во SSP продолжувањето на дијалогот е законска обврска за Косово и понатамошен фокус во правец на Европската Унија“, рече Хан.
Европскиот комесар рече дека со премиерот Мустафа ги разгледа односите на Косово и ЕУ во следната година во светло на извештајот за напредок, кој ќе биде објавен следната недела, а кој е дел од пакетот за проширување во 2015 година.
„Извештајот ќе биде избалансиран и заснован на факти. Ќе го акцентира постигнатиот напредок, но ќе ги акцентира и предизвиците кои треба да ги надмине. Разговаравме и за визната либерализација и целосно сме свесни дека тоа е најголем приоритет на косовската политика и очекувањата се големи“, рече Хан.
Тој истакна дека е постигнат значаен напредок во тој процес и дека очекува до крајот на годината ЕУ да даде согласност за визна либерализација на граѓаните на Косово. Комесарот по повод политичката криза во Косово порача дека за пречки и насилство нема место во демократско општество и во земја која има европски аспирации.
„Косовските институции треба да се почитуваат и треба да им се дозволи да функционираат во нормални и продуктивни услови... сега треба да се фокусирирате на имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација кој има голем потенцијал, но неговите резултати зависат од брзината и квалитетот на примената“, кажа комесарот Хан.
Додаде дека опозиционите пратеници треба да бидат присутни во Собранието не само кога се тука гости од странство, и дека мора да учествуваат и да преземат своја одговорност за процесите низ кои минува Косово. Премиерот на Косово, Иса Мустафа, изјави дека на комесарот Хан му ветил продолжување на дијалогот со Србија.
„Ние дијалогот го гледаме како нормализација на односите со Србија и остануваме консеквентни во спроведувањето кое го постигнавме, поминувајќи низ сите процедури предвидени со тие договори и чекајќи епилог од Уставниот суд кој се однесува на договор за основање Заедница на општините со српско мнозинство во Косово“, рече Мустафа.