Elena Trenchevska Chekovic
23 Март 2026•Ажурирај: 23 Март 2026
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, оствари средба со претставници на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во Работната група на Советот за проширување и земји што преговараат за пристапување кон ЕУ (COELA), пренесува Анадолу.
Муцунски преку американската платформа на социјални мрежи Х истакна дека на средбата го презентирал напредокот во реформската агенда и тековната институционална координација.
„Ја потврдив посветеноста на Владата на европскиот пат, со фокус на постигнување конкретни резултати од реформите и целосно усогласување со стандардите на ЕУ“, истакна Муцунски во објавата.
Тој посочи дека ја нагласил потребата од јасен, предвидлив и процес на пристапување базиран на заслуги како заеднички интерес.
Инаку, министерот Муцунски престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.