Besar Ademi
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
СКОПЈЕ (AA) - Парламентарната група на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, рече дека нема да го поддржи предлогот на Владата за пристапување кон уставните измени и побара предлогот да биде ставен на гласање, јавува Anadolu Agency (AA).
На 61-тата седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон уставните измени беше најавен да започне напладне, но седницата се уште не е започната.
Антонио Милошоски, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во претседателскиот центар, рече дека владата го влече гласачкото ливче на седницата.
„Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум којшто го организираше власта и владејачкото мнозинство и на којшто народот јасно се изјасни дека нема одлука која што дава мандат за усавни измени. Гледаме дека власта одолговлекува со гласањето. Деветтнаесет дека се одолговлекува да се стави точката на дневен ред и да се гласа. Тоа е затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважна е волјата на народот отколку притисоците коишто доаѓаат од страна на власта. Бараме од господинот Талат Џафери без дололнително одлагање да ја стави точката на изласнување, да имаме гласање и да види владеачкото мнозинсво дека нема двотретинско мнозинство и дека нема услови ниту мандат да покрене иницијатива за уставни измени. Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето мандат за уставни измени", рече Милошоски.
Говорејќи за шпекулациите дека некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат предлогот за уставни измени, Милошоски одговори дека парламентарното мнозинство треба да го стави предлогот на гласање и ќе види дека волјата на граѓаните е посилна од притисоците против кој било пратеник да се изјаснат поинаку од волјата на граѓаните
Дебатата за уставните измени започна од понеделник, а продолжи денеска по вчерашната пауза. Уставните измени се дел од Договорот со Грција, според кој државата треба да го промени своето име во Република Северна Македонија.
Предлогот за измени и амандмани на Уставот содржи неколку точки, вклучувајќи ја и придавката „северна" во сегашното име на Република Македонија. Промената на името би била за севкупна употреба.
Потсетуваме дека по референдумот за прифаќање на договорот со Грција и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, владата и опозицијата излегоа со различни ставови. Владата истакнува дека договорот треба да биде ратификуван во Собранието со 2/3 мнозинство, а доколку тоа не се случи тогаш треба да се одржат брзи предвремениа избори, а опозицијата бара отфрлање на договорот со Грција и формирање привремена влада 100 дена пред одржување на предвремени избори.
На консултативениот референдум одржан на 30 септември, изнезноста на граѓаните со право на изјаснување изнесуваше 36,91 отсто, на кој „за" гласаа 91,46 отсто, а 5,65 отсто беа „против". За поминување на прагот на цензусот, беше потребно на референдумот да се изјаснат најмалку 50 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас.