Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, истакна дека уставните промени, за кои долго се дебатира, ќе го зајакнат Парламентот, како и независноста на судството, пренесува Anadolu Agency (AA).
Боздаг, во ТВ интервју денес говореше за актуелното гласање во Парламентот за промени во сегашниот Устав, кој во одредени делови датира од времето на турскиот воен режим од 1980-тите.
Пратениците вчера ги усвоија првите две точки од пакетот уставни реформи. Точките коишто се однесуваат на спроведувањето на судската власт, како и зголемување на местата во Парламентот. Во него ќе се гласа за уште 16 амандмани предложени од страна на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија).
Во вчерашното прво тајно гласање, 347 од вкупно 550 пратеници на Собранието гласаа „за“, додека 132 гласаа „против“ предлогот, додека 66 беа „воздржани“.
Со тоа се менува деветтиот член од Уставот - „судската власт ќе ја извршуваат независни судови во име на турската нација“ - односно ќе стои „независни и непристрасни судови“.
Боздаг рече дека: „Тешко е да се каже во моментов дека законодавната и извршната власт (беа) целосно независни“.
„Сега, тие ќе бидат независни“, рече тој, додавајќи дека со новиот систем ќе биде формирана вистинска распределба на власта.
Вториот елемент од пакетот уставни реформи го зголемува бројот на пратеници од 550 на 600, во согласност со растот на населението.
„Дали тоа го ослабнува или зајакнува парламентот да се зголеми бројот на пратеници на 600?“, праша Боздаг и ги отфрли тврдењата на опозициските партии дека предложените измени ќе го направи парламентот неефикасен.
Во второто гласање учествуваа вкупно 480 пратеници. Предлогот беше усвоен со 343 гласа „за“, 133 „против“, еден „воздржан“, две празни ливчиња и еден невалиден глас.
Боздаг објави дека тој, исто така, гласал „за“.
„Мислам дека усвојувањето на претседателскиот систем ќе биде добро за силна влада, силно законодавство и силна Турција“, рече тој.
Тој рече дека во Парламентот, како што изгледа, ќе поминат сите уставни реформи со гласови кои ќе се движат помеѓу 340 и 350.
Партијата АК има 316 места во Парламентот, а Партијата на национално движење (МХП) - која досега ги поддржуваше уставните промени - има 39 места. Гласовите „за“ од двете партии ќе бидат доволни за да се обезбеди референдум.
Другите партии од Парламентот - Републиканската народна партија (ЏХП), којашто има 133 места и Демократската народна партија (ХДП), со 59 пратеници - и понатаму се противат на претседателскиот систем.
Владата се надева дека разговорите ќе резултираат со референдум преку кој можноста за промена на парламентарниот систем во Турција со претседателски модел ќе биде претставена пред електоратот.