Орав: За фер избори, потребни се независни медиуми
Орав го цитираше еврокомесарот Хан велејќи дека слободата на медиумите е еден од главните столбови на една демократија и како таков не може да биде предмет на дискусија????? ????????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
СкопјеСКОПЈЕ (АА) - Во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите, во соработка со УНЕСКО и Делегацијата на ЕУ во земјата, во Скопје се одржа конференција посветена на медиумите на којa присуствуваа вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими и шефот на Мисијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, медиумски работници, комуниколози и претставници од цивилниот сектор, јавува Anadolu Agency (АА).
Шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав во рамките на своето денешно излагање на конференцијата посветена на новинарската етика и медиумските вредности во време на специфични околности и за време на избори, рече дека медиумите имаат посебна улога во општеството, посебно во една ваква ситуација кога земјата се наоѓа во политичка криза и пред одржување на предвремените парламентарни избори.
Орав го цитираше еврокомесарот Хан велејќи дека слободата на медиумите е еден од главните столбови на една демократија и како таков не може да биде предмет на дискусија. Тој нагласи дека во Македонија треба да се направат дополнителни напори во оваа насока.
“Потребно е правично и балансирано известувањ во медиумите, кои теба да обезбедат равноправна положба за сите играчи на политичката сцена. Државата, треба да обезбеди новинарите да работат во безбедна средина и опкружување, а Законот за клевета и другите закони не треба да се користат за да се врши цензура на критиката и да се лимитира јавната дебата” , истакна Орав, додавајќи дека и политичките елити имаат своја одговорност и дека секогаш треба да имаат на ум за последиците од употреба на политички говор кој би можел да биде промотор на говорот на омраза.
Вицепремиерот Фатмир Бесими ги истакна досегашните активности за подобрување на состојбата на медиумите во земјата и слободата на изразувањето, меѓу кои се донесувње на повќе закони и формирање на Советот за етика.
Бесими најави дека во Секретаријатот за европски прашања во иднина во фокусот ќе биде подобрување на професионалните стандарди кај медиумските работници, поголема транспарентност на владините реклами и подготовка на методологија за распеределба на буџетските средства замедиумите, јакнење и балансирање на улогата на јавниот радио дифузен сервис, подобрување на слободниот пристап до информации од јавен карактер и измени во однос на Законот за граѓанска одговорност.
“Верувам дека овие активности ќе придонесат за подобрување на условите за работа на медиумите во Македонија” , изјави Бесими.
"Он-лајн новинарство: Новите медиуми, етиката и демократско новинарство" е темата на која говореше Енес Османчевиќ од Советот за етика на Босна и Херцеговина.
На конференцијата присуствуваа и членови на Етичката комисија за медиуми, кои ги искажаа своите ставови во врска со подобрување на состојбата со медиумите во земјата.