????? ????????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА)- Еврокомесарот за проширување и соседна политика Јоханес Хан на денешната прес-конференција во Европската Комисија изјави дека неформалната Влада на Европската Унија на Република Македонија и издаде седма последователна препорака за Република Македонија да ги отвори преговорите за членство во ЕУ во годинешниот извештај за напредок, но потенцираше дека истата е условена со целосно исполнување на Договорот на политичките партии за надминување на политичката криза во земјата (Договорот од Пржино), со се усвојување на “итните реформски мерки” на Европската Комисија, јавува Anadolu Agency (АА).
Еврокомесарот Хан смета дека Европската Комиисија очекува да види прогрес во Македонија, за да потоа има основа да испорача препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ.
“Што се однесува до препораката, ситуацијата е многу јасна. Имавме тешка и сериозна криза, сеуште не сме завршени, но имаме патоказ и во договорот од јуни/јули, многу работи, елементи се договорени кои треба да се исполнат и крајниот рок, последниот камен -темелник на сите овие активности се изборите до крајот на април следната година, кои треба да се одржат на фер и транспарентен начин, според европските стандарди, според манирот на меѓународните стандарди” , истакна Хан. Тој додаде дека сето ова треба да се подготви, но преостанува да се направат и други работи во Македонија.
“Имавме приоритети за итни регорми и ние треба да видиме одреден прогрес во наредните неколку месеци. Не може се да се исполни до крајот на април, но може многу да се стори” , рече Хан.
Исто така, еврокомесарот Хан изјави дека секоја земја-кандидат има одреден период за преговори и тоа е време што е најдобро за промена на ситуацијата на земјата, обезбедувајќи таа да има реален интрес да се приклучи на Европската Унија.