Admir Fazlagic
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Демократската унија за интеграција (ДУИ) на синоќешниот состанок на Центалното претстедателство го повика претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за формирање на Влада на новот парламентарно мнозинство потврдено со 67 потписи на пратениците од Собранието на Република Македонија. Исто така, од ДУИ соопштија дека давањето потписи за поддршка за земање на мандат за формирање на Влада, истовремено подразбира и поддршка за формирање на ново парламентарно мнозинство и нова Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Го повикуваме господинот Иванов, согласно со неговите уставни надлежности, но и неговото сопствено барање коешто го имаше во текот на консултациите со сите политички партии да го додели мандатот за формирање на влада на новото парламентарно мнозинство, потврдено и со потписите и на 67 потписи на пратеници во Собранието на Република Македонија. Истовремено го повикуваме Иванов и сите политички партии да бидат внимателни во своите изјави да не ја загрозуваат заедничката иднинана граѓаните", изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по доцна синоќа одржаниот состанок на Централното претстедателство на ДУИ.
„Централното претседателство на ДУИ ги информира граѓаните, институциите во државата и нашите меѓународни пријатели дека давањето на потписи за поддршка за земање на мандат за формирање на Влада, истовремено подразбира и поддршка за формирање на ново парламентарно мнозинство и нова влада, во духот на Рамковниот договор и посветена во владеење на правото и интерацијата во НАТО и ЕУ. Учеството на ДУИ во новата влада ја рефлектира волјата на албанскиот народ изразена на последните избори од 11 декември и има за цел исполнување на програмата ветена пред граѓаните", истакна Османи и додаде:
„ДУИ ќе бара целосно испитување на работата на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година до денеска и тоа под меѓународен мониторинг се додека не заврши процесот на формирање на правиот ситем во државата.“