İnci Gündağ
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон наредната недела ќе ја посети Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон ќе ја посети Русија на повик на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Според Канцеларијата на британското Министерство за надворешни работи, премиерката Тереза Меј и министерот Џонсон многу отворено ја изразиле политиката кон Русија: „Создади однос, но биди внимателен”.
За време на посетата, освен британско-руските односи, ќе има говори и за други меѓународни теми како што се Сирија и Украина. Оваа посета, како истакнаа од Канцеларијата не значи дека се вратило во нормала.
Некое време се работи на оваа посета која беше една од темите и на британската премиерка Тереза Меј и рускиот претседател Владимир Путин во Кина во септември минатата година.
Во декември минатата година Џонсон изјави дека ќе продолжи со остриот став кон Русија.