Kasım İleri
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Неименуван американски претставник од Пентагон ги негираше тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека САД е упатен во рутите на руските авиони кои вршат интервенции во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Алудирајќи на последниот случај со уривањето на рускиот авиони, Путин "ги обвини" САД за споделување на информации за движењето на руски авиони.
"Коалицијата предводена од САД, која ја вклучува и Турција, била свесена за времето и местата каде што нашите авиони работат", изјави Путин за државната новинска агенција Спутник, каде што ги критикуваше САД за размена на информации за руските авиони со своите сојузници, што доведе до инцидентот.