Almir Terzic
01 Февруари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
БРИСЕЛ (АА) - Политичките партии во Белгија се согласија да формираат нова влада, соопшти кабинетот на кралот Филип, јавува Анадолу.
Со овој договор се става крај на политичката криза, осум месеци откако почнаа разговорите за формирање на кабинетот. Се очекува Барт де Вевер, лидерот на Нова фламанска алијанса (Н-ВА), да стане нов премиер на Белгија.
Белгиските политички партии постигнаа договор за формирање влада на широка коалиција, завршувајќи ги речиси осуммесечните преговори по изборната победа на фламанската националистичка партија Нова фламанска алијанса (Н-ВА).
По договорот постигнат синоќа, се очекува лидерот на Нова фламанска алијанса, Барт де Вевер (54) да стане премиер и да ја предводи петпартиска коалиција во која ќе бидат партиципираат демохристијаните и социјалистите од Фландрија. како и либералите и центристите од франкофонската Валонија.
Екстремно десничарската партија Фламански интерес е исклучена од преговорите за формирање влада, и покрај фактот што постигна најголемо зголемување на поддршката на изборите во јуни 2024 година и стана втора по големина политичка партија во Белгија.
Во земја каде што сојузните влади традиционално формираат коалиции, политичките партии одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес поради нејзиното настојување за воспоставување независна Фландрија, антиимигрантските ставови и критики кон Европската унија.
Преговорите за коалиција траеја со месеци бидејќи немаше договор за намалување на буџетските расходи, даночна реформа и реформа на пензискиот систем, на што инсистираше Де Вевер со цел да ја подобри финансиската состојба во шестата по големина економија во Еврозоната.