свет

Во четвртата размена Хамас ослободи уште 3 израелски заробеници во Газа предавајќи им ги на Црвениот крст

- Денес во рамките на четвртата размена на заробеници во Газа, ослободен е и американско-израелскиот двоен државјанин Кит Сигел откако претходно беа ослободени Офер Калдерон и Јарден Бибас, и им беа предадени на тимовите на Црвениот крст.

Burak Dağ  | 01.02.2025 - Обновена : 01.02.2025
Во четвртата размена Хамас ослободи уште 3 израелски заробеници во Газа предавајќи им ги на Црвениот крст Фото: Ашраф Амара/АА

ЕРУСАЛИМ (АА) - Во четвртата размена на заробеници меѓу Хамас и Израел, тројца машки заробеници им беа предадени на тимовите на Меѓународниот Црвен крст во Газа, известува Анадолу.

Денес во рамките на четвртата размена на заробеници во Газа, ослободен е и американско-израелскиот двоен државјанин Кит Сигел откако претходно беа ослободени и заробените цивилни Офер Калдерон и Јарден Бибас, и им беа предадени на тимовите на Црвениот крст.

Израелската армија соопшти дека Кит Сигел, кој им беше предаден на екипите на Црвениот крст, е на пат кон израелските сили во Појасот Газа.

Во соопштението дадено еден час претходно од страна на израелската армија, беше објавено дека тимовите на Црвениот крст им ги предале одлободените Офер Калдерон и Јарден Бибас на израелските сили во Газа.

За возврат на ослободените тројца израелски заробеници, денеска ќе бидат ослободени 183 палестински затвореници. Од 183 палестински затвореници за кои станува збор, 18 се лица осудени на доживотен затвор, 54 се осудени на долгорочни затворски казни, а 111 се лица приведени во Појасот Газа по 7 октомври 2023 година.

Хамас соопшти дека 7 лица кои се планира да бидат ослободени, ќе бидат испратени надвор од Палестина.

Во првите три размени на заробеници, Хамас ослободи 10 израелски заробеници, а Израел ослободи 400 палестински затвореници од израелските затвори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.