Said İbicioğlu
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, разговараа за повторно започнување на израелско палестинските преговори и мировниот процес на Блискиот исток, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како јавува Радио Израел, Путин и Нетанјаху вчера преку телефон разговараа за регионални теми. Според наводите на медиумите, рускиот претседател и изралескиот премиер разговараа за мировното решение на израелско палестинските судири.
Русија претходно иницираше состанок на палестинската и израелската страна. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова соопшти дека палестинскиот претседател Махмуд Абас и изралескиот премиер Нетанјаху, „во принцип прифатиле да се состанат во Москва” .
Израелко-палестинските преговори се спречени во 2014 година поради продолжување на изградбата на израелските населби, неприфаќање на границите и неслободување на затворениците.