Elena Teslova
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
МОСКВА
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин, на кој му рече дека планира да одржи самит на лидерите на Групата Г7 во септември оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на службената интернет страница на Кремљ се наведува дека Трамп за време на телефонскиот разговор на Путин му кажал дека размислува на престојниот самит да ги повика и лидерите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја.
Трамп и Путин разговараа и за борбата против последиците на пандемијата Ковид-19, а Путин на Трамп му честиташе и на успешното лансирање на двочлената посада „Crew Dragon“ која слета на Меѓународната вселенска станица.
Трамп и Путин се согласни за неопходностите на понатамошната соработка во областа на истражување на вселената, како и продолжување на имплементацијата на договорите кои се постигнати со цел постепена нормализација на пазарот на нафта.