Handan Kazancı
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин во петокот му испрати новогодишни поздрави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека Анкара и Москва ќе ја продолжат заедничката соработка за „клучните прашања на регионален и меѓународен план“, јавува Аnadolu Agency (AA).
Кремљ во соопштението на својата веб страница наведува дека Путин испратил божиќни и новогодишни пораки на странските шефови на држави, влади и меѓународни организации.
Рускиот претседател е убеден дека двете земји заеднички „ќе продолжат продуктивно да работат во јакнење на билатералните односи и активно ќе соработуваат во решавање на клучните прашања на регионален и меѓународен план во интерес на двата народа, и во согласност со обезбедување на сигурност и стабилност во Евроазија“.
Турција и Русија ќе дејствуваат како држави кои гарантираат подршка на националниот прекин на огнот договорен помеѓу режимот на Башар Ал-Асад и главните сириски опозициски групи. Во новогодишната порака Путин наведува дека „со задоволство забележува по тешкиот период во односите меѓу Русија и Турција, двете страни биле во можност да го почнат процесот на нормализација и обновување на соработка во политичка, економска, хуманитарна, научна, техничка и друга област“.
Односите помеѓу Анкара и Москва беа нарушени во ноември 2015. година, со соборување на руски авион кој го нарушил турскиот воздухопловен простор во близина на границата со Сирија. Но спорните прашања биле решени на 29. јуни оваа година по писмен пат и дополнителен телефонски разговор на лидерите на двете земји.
Путин ја поддржа Турција по неуспешниот обид за пуч од 15. јули, кога изјави дека стои зад избраната власт во Анкара, изразувајќи соучество за жртвите на она што Ердоган го нарече „најгнасен оружен обид за пуч во модерната турска историја".