Büşra Nur Çakmak,Burak Dağ
07 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
Републиканскиот лидер Кевин Меккарти положи заклетва откако беше избран за претседател на Претставничкиот дом на САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меккарти беше избран во историскиот 15-ти круг на гласање во раните утрински часови денеска, во она што влезе во историјата како најдолга трка во последните 164 години.
На 14-тото гласање му недостасуваше само еден глас, но во 15-тиот и последен круг резултатот беше 216:212. Демократите гласаа за нивниот лидер Хаким Џефрис.
„Се надевам дека едно нешто е јасно по оваа недела: никогаш нема да се откажам. И никогаш нема да се откажам за вас, за американскиот народ“, напиша Меккарти на Твитер по објавувањето на резултатите.
Во својот прв говор како претседател на Домот, Меккарти рече: „Сега започнува напорната работа.“
„Како претседател на Домот, мојата крајна одговорност не е пред мојата партија, мојата конференција, па дури и нашиот Конгрес. Мојата одговорност, нашата одговорност е пред нашата земја“, додаде тој.
Се очекува Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом, да му ја предаде функцијата на Меккарти во понеделник.