Hatice Kesgin
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турската војска објави детали за програмата на тренирање на борците од курдската Пешмерга која оперира во Ирак.
Објавата е дадена како резултат на синоќешното распоредување на турски трупи за да ги заменат силите за обука во Мосул, северен Ирак.
Извори од турската армија рекоа дека денес тренирала борци во четири покраини во Ирак за борба против ДАЕШ.
Според војската, силите Пешмерга се тренирани за ракување со рачно изработени експлозиви, тешки митралези, бомби, артилерија и обука по прва помош.
Над 2.500 Пешмегра борци, вклучувајќи и високо-рангирани офицери, ја посетија турската обука, додадоа извори од војската.
Заменикот министер за Пешмерга на Курдската реионална власт (КРВ), Мајор генерал Караман Кемал Омар, рече дека обуката од страна на турските војници многу придонесе за операцијата на ирачките курдски сили за преземање на градот Синџар од ДАЕШ на 12 ноември.
Синџар е град сместен 120 километри западно од Мосул со језидиско курдско мнозинство. Падна во рацете на ДАЕШ во август 2014 година.
Турските војници во регионот на Мосул за прв пат се испратени пред две и пол години со цел тренирање на ирачките сили Пешмерга.