Sibel Uğurlu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турција ќе ги преземе сите неопходни мерки доколку се појави одредена закана од шиитските милиции при преземањето на северозападниот ирачки град Тал Афар од ДЕАШ, истакна денес турскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека Турција нема да ги заборави Туркмените кои живеат таму, јавува Anadolu Agency (AA).
"Борбата против ДЕАШ е неопходна, но процесот мора да се планира внимателно", изјави Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција по средбата со суданскиот министер за надворешни работи, Ибрахим Гандоур.
"Мора да се земе в обѕир етничкиот и балансот меѓу различните деноминативни групи во Мосул и во Тал Афар", град под контрола на ДЕАШ на 63 километри западно од Мосул, додаде тој.
Алудирајќи на заканата од Хашд ал-Шаби (група на провладината шиитска милиција), Чавушоглу во однос на очекуваниот напад на Мосул истакна дека милицијата ги има за цел и доминантно сунитските подрачја.
Чавушоглу подвлече дека Турција "ќе ги преземе сите мерки на претпазливост дозволени според меѓународното право", ако било што во Тал Афар ѝ се заканува на безбедноста на Турција.
Чавушоглу, исто така, предупреди дека Турција "нема да биде бесчувствителна" ако Туркмените од Тал Афар бидат нападнати.
Судири меѓу различните деноминативни групи
За време на состанокот со претставници на САД во Анкара на 4 ноември, Турција се изјасни дека го поддржува враќањето на сите сунитски и шиитски Туркмени во Тал Афар по ослободувањето на Мосул, но, според турски дипломатски извор, не сака Хашд ал- Шаби да се сместат во таа област,
За време на состанокот со претставници на САД во Анкара на 4 ноември, Турција се изјасни дека го поддржува враќањето на сите сунитски и шиитски Туркмени во Тал Афар по ослободувањето на Мосул, но, според турски дипломатски извор, не сака Хашд ал- Шаби да се сместат во таа област.
Според Турција, влегувањето на Хашд ал-Шаби во Тал Афар ќе донесе судир меѓу различните деноминативни групи во градот, изјави изворот, кој побара да остане анонимен.
Турските власти, исто така, предупредија дека Туркмение одТал Афар ќе претрпат најголема штета од присуството на шиитските милитанти таму.
Туркменскиот народ е обесправен откако ДЕАШ го окупира Мосул и Тал Афар во 2014 година.
Од почетоикот на окупацијата, бројот на населението во Тал Афар опадна од над половина милион на помалку од 50.000, главно Туркмени.