Mustafa Çağlayan
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа тет-а-тет средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, вчера во Њујорк, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, Чавушоглу и Бан дискутирале за исходот од вчерашните меѓународни разговори за Сирија, како и за конфликтите на Блискиот Исток и кипарскиот мировен процес.
Бан ја истакна важноста на политичкиот транзиционен процес на патот кон постигнување политичко решение за сисрискиот конфликт, кој остави зад себе 250.000 жртви, од 2011 година.
Третата рунда интернационални преговори за Сирија беше одржана вчера во њујоршкиот хотел „Palace“, на која беше усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН, која бара да стапат на сила мировни преговори поддржани од ОН и прекин на огнот во јануари.
Во текот на состанокот на Бан и Чавушоглу, шефот на ОН ја пофали Турција за успешната организација на минатомесечниот Самит Г20 во југоисточниот турски град Анталија, изјавија изворите.
Бан, исто така, ѝ се заблагодари на Турција за престојниот Светскиот Хуманитарен Самит кој треба да се одржи во мај во Истанбул, прв глобален самит од толкави размери досега.