Beyza Binnur Dönmez,Gözde Bayar,Elena Teslova
16 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
МОСКВА / АНКАРА (АА) - Русија го цени „избалансираниот став“ на Турција помеѓу Москва и Киев, изјави рускиот министер за надворешни работи денеска, пред билатералниот состанок со неговиот турски колега.
Истакнувајќи дека Турција и Русија имаат различен став за Украина, Сергеј Лавров рече дека Русија, исто така го цени тоа што Турција останува посветена и целосно ја спроведува Конвенцијата од Монтре.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, од своја страна рече дека Анкара прикажала „јасен, балансиран и објективен став“ од самиот почеток.
„Како земја која има добри односи и со Русија и со Украина, Турција ја продолжува својата улога на чесен посредник и олеснувач, и покрај сите тешкотии“, вели Чавушоглу.
Тој рече дека Турција ќе продолжи да ја спроведува Конвенцијата од Монте.
Војната на Русија против Украина која започна на 24 февруари, се сретна со меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна истапување на голем број глобални фирми од Русија.
Најмалку 691 цивил загинаа, а 1.143 се повредени во Украина од почетокот на војната.
Повеќе од 3 милиони бегалци заминаа во соседите земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.