Diyar Güldoğan
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим ги опиша првите 100 дена од турската 65. Влада – во кои беа вклучени обидот за државен удар и воената операција во Сирија – како денови „полни со настани“, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи со новинарите во Анкара, Јилдирим ги истакна политичките одлуки во изминатите три месеци, донесени од страна на владејачката АК Партија за правда и развој.
Во правосудниот сектор, владата пропиша регионални административни судења: „Задоцнетата правда, не е правда воопшто“, искоментира Јидлирим.
„Ние направивме сериозни реформи во областа на трудот и социјалната безбедност“, вели Јилдирим. Тој рече дека владата ги охрабрила луѓето да инвестираат во Турција и се обидела да ги разубеди талентираните и квалификувани лица да не емигрираат.
„Целта е да се поддржи инвестирањето и поголемото вработување во Турција“, додаде тој.
За домашната безбедност, Јилдирим изјави дека терористичката организација предизвикала штета од 10 милијарди долари на економијата на Турција.
Премиерот вели дека економската стабилност ќе биде заштитена и покрај обидот за државен удар.
„Eкономијата е цврста како карпа“, рече тој.
Јилдирим исто така вели дека Турција одлучно ќе се бори против тероризмот. Тој изјави дека на 52.000 осомничени лица им е забранет влез во државата и 3.800 други лица се депортирани.
Јилдирим рече дека Турција имала лош почеток со туризмот, но додаде дека имало пораст на домашните туристи поради верските празници.Во образованието, тој вели дека Турција основала пет универзитети во рок од 100 дена.
Во врска со транспортот, Јилдирим го опиша како ремек-дело мостот Османгази во турската западна покраина Коачели, кој беше завршен на 30 јули.
Турскиот премиер истакна дека околу 20.000 возила дневно поминуваат преку него.
Јилдирим исто така наведе дека по неуспешниот обид за државен удар, повторно била родена националната одбрана.