İlhan Toprak
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Кина, Сји Ѓинпинг потпишаа три различни договори, и тоа во областа на енергетиката, нуклеарната безбедност и фитосанитарната област, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Ердоган, кој се наоѓа на Самитот на лидерите претседатели и премиери на Г-20 во кинескиот град Хангџоу, по билатералните средби со претседателот Сји Ѓинпинг, претседаваше на средбите меѓу делегациите.
Ердоган изрази задоволство за својата посета на Кина, како и поради тоа што по една година се сретнал со кинескиот претседател. Исто така, тој истакна дека Самитот на лидерите на Г-20 е организиран на многу успешен начин од страна на Кина.
„Задоволни сме што во периодот на претседателството на Г-20 Кина сѐ повеќе им обрнува внимание на прашањата за жените, трговијата и инвестициите во иновативната технологија. Прашањето на бегалската криза и тероризмот треба да бидат на агендата на овој Самит. Исто така, се надевам дека односите меѓу Турција и Кина ќе продолжат да се развиваат“, изјави турскиот претседател Ердоган.
Претседателот на Кина, Сји Ѓинпинг, во својот говор на церемонијата го изрази задоволството за средбата со Ердоган, му посака добредојде на својот турски колега, при што истакна дека се надева на добри односи меѓу двете земји и во иднина.
По средбата во резиденцијата Сји-ху, двајцата претседатели присуствуваа на потпишувањето на три одделни договори меѓу двете земји: Протоколот во областа на фитосанитарија, кој беше потпишан од заменик-претседателот на Владата на Турција, Мехмет Шимшек и кинескиот министер за квалитет, контрола и ревизија, Џи Ѓупинг, Договорот за обновлива енергија и соработка во областа јаглен меѓу Министерството за енергетика и природни ресурси на Турција и Дирекцијата за енергетика на Кина го потпишааа министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Берат Албајрак и претседателот на Националната дирекција за енергетика во Кина, Нур Бекри, како и Договорот за соработка во областа на нуклеарната безбедност меѓу Дирекцијата за атомска енергија на Турција (ТАЕК) и кинеската Дирекција за нуклеарна безбедност. Овој договор беше потпишан од страна на турскиот министер Берат Албајрак и министерот на надворешни работи на Кина, Ванг Џи.