свет, политика

Фон дер Лајен и Ердоган разговараа за односите ЕУ-Туркије и за Газа

- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да дискутираат за односите меѓу Туркије и ЕУ и израелските напади врз Палестина

Necva Taştan Sevinç  | 07.11.2024 - Обновена : 09.11.2024
Фон дер Лајен и Ердоган разговараа за односите ЕУ-Туркије и за Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да дискутираат за односите меѓу Туркије и ЕУ и израелските напади врз Палестина, јавува Анадолу.

„На состанокот се зборуваше за односите меѓу Туркије и Европската Унија и нападите на Израел врз Палестина“, напиша Директоратот за комуникации на Туркије на социјалната мрежа X.

Тие се состанаа во рамките на 5. Самит на Европската политичка заедница во унгарскиот главен град Будимпешта.

„Посилното партнерство меѓу ЕУ и Туркије ќе биде од корист за нашиот заеднички регион. Можеме да се залагаме за мир, просперитет и безбедност преку границите“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека таквиот сојуз ќе донесе предност не само на дипломатско ниво, туку и за луѓето од двата региона.

Европските лидери се собраа во Будимпешта на Петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што разговараа за глобалните прашања, вклучително и за Украина и Блискиот Исток.

Домаќин на Самитот е унгарскиот премиер Виктор Орбан, а присутните ќе разговараат и за нерегуларната миграција и прашањата поврзани со економската сигурност на Европа.

Официјалните претставници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и другите земји се очекува да разговараат и за односите меѓу ЕУ и САД по победата на поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите за втор претседателски мандат.

Орбан и албанскиот премиер Еди Рама ќе одржат прес-конференција по средбата.

Европската политичка заедница е основана во 2022 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.