свет

Ердоган:Целосното вклучување на Туркије во одбранбените напори на ЕУ е од витално значење за европскиот мир и безбедност

– Нема разумно објаснување зошто со години е блокиран процесот на интеграција на Туркије во ЕУ, која дава значителен придонес за благосостојбата и безбедноста на континентот, рече претседателот Ердоган на 5. Самит на Европската политичка заедница

Muhammed Enes Çallı, Gizem Nisa Çebi  | 07.11.2024 - Обновена : 07.11.2024
Ердоган:Целосното вклучување на Туркије во одбранбените напори на ЕУ е од витално значење за европскиот мир и безбедност

ИСТАНБУЛ (АА) - Целосното вклучување на Туркије во одбранбените напори на Европската унија е неопходно за мирот и безбедноста на Европа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

Во своето обраќање на 5. Самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во унгарската престолнина Будимпешта, Ердоган рече:

„Нема разумно објаснување зошто со години е блокиран процесот на интеграција на Туркије во ЕУ, која дава значителен придонес за благосостојбата и безбедноста на континентот.“

Ердоган додаде дека последиците предизвикани од војната во Украина секојдневно се продлабочуваат и дека продолжувањето на војната остава се помалку простор за дипломатија.

Ердоган рече дека ги пренел „пораките на Анкара за отворање простор за дипломатија“ на одделни состаноци со неговиот руски колега Владимир Путин и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибига во последните недели.

Турскиот претседател во својот говор се осврна на геноцидните напади на Израел врз Газа.

„Геноцидот што трае веќе една година во Газа е заедничкиот срам на човештвото. На ова се додаваат и неморалните и незаконски напади врз Западниот Брег и Либан. Со оглед на загубата на речиси 50.000 животи, неопходен е притисок врз Израел за веднаш да се обезбеди прекин на огнот и доволно хуманитарна помош да стигне до Газа“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган подвлече дека оние кои безусловно ја поддржуваат израелската агресија треба да знаат дека станале соучесници во извршените злосторства.

„Ги повикувам сите земји кои сè уште не ја признале Палестина да го сторат тоа за да придонесат за глобалната правда и мир“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател истакна:

„Одговорност на сите нас е да се бориме против тероризмот, соработувајќи и солидаризирајќи се, без да правиме разлика меѓу терористичките организации.“

„Сакаме да видиме конкретна соработка од нашите европски партнери во борбата против терористичката организација ПКК. Очекуваме нашите барања за судска и административна соработка да бидат исполнети од европските земји во кои е присутна терористичката организација ФЕТО“, рече Ердоган.

Европските лидери учествуваат на 5. Самит на Европската политичка заедница за да разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги Украина и Блискиот Исток.

На состанокот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, се разговара и за нерегуларната миграција и прашањата поврзани со економската безбедност на Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın