ДРАЧ (АА) - На денешната работна сесија на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан која се одржува во Драч, по одржаните работни сесии министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, одржаа заедничка прес-конференција на која еврокомесарот Хан истакна дека само слободни избори можат да ја придвижат Македонија напред, јавува Anadolu Agency (AA)
"Во Македонија треба да има избори. Јас само можам да им апелирам на властите да подготват листа на гласачи која не е контроверзна за никој и која ќе им одговара на сите. Го имаме главниот договор од јули, кој пред се е за нас. Слободни изборите избори можат да ја придвижат земјата напред. Ова е вистинскиот избор, ги повикувам сите политички партии да учествуваат во прифатлив придонес во процесот за иднината на земјата ", рече Хан.
Во однос на резултатите од работните сесии албанскиот шеф на дипломатијата Бушати потврди дека во рамките на работните состаноци остварени се маратонски разговори со колегите од земјите од Западен Балкан со поддршка на комесарот Хан.
"Денешната средба претходи на самитот во Париз во рамките на Берлин и сакам да нагласам дека за нас Париз е од посебно значење. Состанокот, исто така, служеше и за да ги координираме мерките на регионално ниво, така што да се изнајде решение за сите регионални инфраструктурни проекти и да се обезбеди поддршка преку меѓународни инвестиции. Покрај енергетиката и инфраструктурата во програмата ќе биде вклучена и дигитализацијата" ,изјави министерот Бушати.
Бушати рече дека се разговарало за процесот на визна либерализација за граѓаните на Косово.
Друга тема која се дискутираше на средбата беше бегалската криза, каде Бушати, изјави дека акцентот е ставен на соработката меѓу земјите на регионот, како и со ЕУ за бегалците и елиминирање на тероризмот. "Во Виена започнавме голем број на проекти и денес имавме можност да разговараме за нови проекти кои ќе треба да испратиме во Париз, со цел да имаат корист не само од инвестиции, но, исто така, и од техничка помош на Европската комисија. Денес ние ги презедовме првите чекори за обновување на железничката линија Драч-Тирана и испраќање на оваа линија на меѓународниот аеродром во Ринас "- вели понатаму Бушати.
Исто така меѓу министерите се разговарало и за конкретни чекори за соработка на младинска иницијатива на регионално ниво.
Комесарот Хан истакна дека сите на Балканот веќе се ангажирани за подготовка на теренот за учество на самитот во Париз.
"Ние имаме намера да се воспоставиме финансиски пакет од 150 милиони евра за најголемиот дел од проектите што ни се претставени. Како што беше договорено во Виена, овие пари ќе бидат распределени за 10 проекти, а два од нив би можеле да започнат оваа година.Самитот во Париз може да се користи за политички фокус. Регионалниот пазар на енергија е главниот дел од него. Ефективноста и дистрибуција на електрична енергија се нашите цели. Постои голем потенцијал за електрична енергија во регионот и се подготвува регионален план за генерирање хидроенергија во регионот. Регионален фонд е еден друг фонд кој е многу важно за овие земји. Ние на граѓаните мора да им ја покажеме вредноста на оваа соработка и поддршка од ЕУ во врска со ова, како и патот на овие земји кон ЕУ ", рече Хан.
Комесарот на ЕУ, исто така, се осврна на состојбата со бегалската криза.
"За да бидеме праведни треба да направиме разлика. Земјите од Западен Балкан, особено Србија, им помогнаа многу на бегалците. Основната мерка е координација и вклучувањето на логистика во овој поглед. Кога станува збор за Турција, Либан и Јордан, овие земји се директно засегнати од бегалците. Турција беше домаќин на 2,7 милиони бегалци, додека Либан беше домаќин на повеќе бегалци во светот во однос на своето население. Додека населението на Јордан се зголеми од 20 отсто поради бегалци. Главната причина за оваа помош се фокусираа на овие земји, бидејќи нашата цел е враќањето на бегалците веднаш по војната во своите земји.Ние треба да разлислуваме за последиците од помошта".
news_share_descriptionsubscription_contact
