Zulfija Jakup
01 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
ПРИШТИНА (AA) - Премиерот на Косово Иса Мустафа го предаде денес првиот царински документ за царинење на стока според Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА),со што официјално е означен почетокот на имплементација помеѓу ЕУ и Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на почетокот на имплементацијата на ДСА, која беше организирана во Директоријатот на Царината Косово, присуствуваа и специјалниот претставник на ЕУ за Косово Самуел Жбогар, министерот за финансии Авдулах Хоти и претставници на стопанските комори и Клубот на произведувачи.
Косовскиот премиер изјави дека денес е историски ден за Косово и дека Договорот за стабилизација и асоцијација започнува нов период на развој. Тој потсети дека ова е прва договорна спогодба помеѓу Косово и ЕУ и дека со тоа е одреден широк спектар на реципрочните обврски, вклучувајќи ја примената на европските пазарни стандарди, конкуренцијата, правната држава и приватно нуклеарната сопственост.
"ССП има за цел создравање заедички пазар на Косово и ЕУ и реформите кои се однесуваат на регионалната соработка, слободата на движење на стоката, услугите, работата и капиталот", рече Мустафа.
Директорот на Царината на Косово Лулезим Рафуна нагласи дека денешниот ден за Косово претставува исполнување на поранешен сон.
“Ова е можност да се конкурира на пазарот од 500 милиони потрошувачи, ова е ново партнерство со 28 земји членки на ЕУ и сакам да верувам дека ова е целта која ја имавме со години. Суштината на овој договор ќе се постигне тогаш кога ќе биде пропратен и со либерализација на визите", порача претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Герџалиу. ДСА помеѓу Косово и ЕУ потпишан е на 27 октомбри 2015 година. За ДСА се водеа преговори помеѓу октомври 2013 година и мај 2014 година, додека е потпишан на 22 октомври 2015 и формално склучен во февруари 2016 година.