Selçuk Acar
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) – Еден од потенцијалните кадидати на Републиканската партија на претсадетлските избори 2016 година, Џеб Буш, во врска со соборувањето на рускот авион кој го повреди турскиот воздушен простор изјави дека ѝ верува на Турција што ќе биде потврдено со помош на технологијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Буш, инаку брат и син на поранешниот претседател на САД, одговараше на прашањата на новинарката на Си-ен-ен за соборувањето на рускиот авион.
На прашањето за соборувањето на рускиот авион кој го наруши турскиот воздушен простор, Буш одговори:
„Ѝ верувам на Турција. А тоа ќе биде потврдено со помош на технологијата.“
Тој кажа дека ако се оствари успех во борбата против терористичката организација ДАЕШ, отстранувањето на Асад и промената на режимот во Сирија, Турција, како земја членка на НАТО, ќе биде составен дел на тој успех“.
„Ако сме сериозни во тоа, Турција треба да биде наш партнер и мораме да ѝ пружиме поддршка. Сметам дека претседателот Обама беше во право со изјавата дека секоја земја има право да се штити самата себе“, нагласи Буш.
Додаде дека и Русија може да биде партнер во борбата проотив ДАЕШ, но пред тоа мора да се откаже од своето сојузништво со Иран и Асад.