Şeyma Erkul Dayanç
03 Јули 2026•Ажурирано: 03 Јули 2026
Бројот на загинати во силните земјотреси што пред една недела ја погодија Северна Венецуела се искачи на 2.595, а 12.400 лица се повредени, соопшти вршителката на функцијата претседател на Венецуела, Делси Родригез, јавува Анадолу.
„Бројката што ја соопштуваме е прецизно утврдена“, изјави Родригез на прес-конференцијата.
Таа појасни дека ажурираните податоци се резултат на детален процес на верификација, додавајќи дека надлежните институции извршиле вкрстена проверка на податоците за жртвите пред да го објават конечниот биланс.
Таа додаде дека пет лица, првично пријавени како починати, биле пронајдени живи по извршената идентификација преку националниот систем за субвенционирано гориво, што се базира врз отпечатоци од прсти.
„Не сакаме да даваме бројки што не се прецизно потврдени“, рече Родригез.
Новите бројки за загинати се потврдени по земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, што се случија на 24 јуни во Северна Венецуела.