Mohammad Sio
02 Јули 2026•Ажурирано: 02 Јули 2026
Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба во кафуле во центарот на Дамаск денес, соопшти Министерството за здравство на Сирија за телевизијата Алихбарија, пренесува Анадолу.
Експлозијата во кафулето близу Палатата на правдата во сирискиот главен град Дамаск е предизвикана од експлозивна направа поставена на местото, објави телевизијата Алихбарија.