İdris Okuducu
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ЕРБИЛ (АА) - Командантот на ирачката шиитска милиција „Хашд ал Шааби“, Ебу Мехди Мухендис, истакна дека во Ирак има над 20.000 припадници на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухендис во разговор за ирачки медиум ги критикуваше владините постапки по декември 2017 година кога прогласи победа над ДЕАШ.
Смета дека терористичката организација и понатаму е присутна во Ирак и дека во земјата се наоѓаат меѓу 20.000 и 24.000 припадници на ДЕАШ. Истакна дека 6.000 од нив слободно делуваат на теренот.
Командантот Мухендис изјави дека терористите кои се активни во земјата вршат убиства и киднапирања.
Исто така, овие тврдења на Мухендис следеа по одлуката на лидерот на движењето Садр во Ирак, Муктада ал-Садр, за укинување на повеќето единици Сераја ес-Селам во рамките на „Хашд ал Шааби“, донесена во четвртокот.
Терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година ги зазеде Мосул, Анбар и Салахадин, како и делови на Дијала и Киркук во Ирак.