Birol Tan
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
БЕРЛИН
„Дојче Веле“ (Deutsche Welle DW), медиумската организација во Германија поддржана од државата, отпушти пет арапски новинари поради наводно користење „антисемитски изрази“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинскиот новинар Марам Салим, вработен во „Дојче Веле“, на своите профили на социјалните мрежи напиша дека и тој е неправедно отпуштен.
Салим, наведувајќи дека од страна на „Дојче Веле“ е искористен како жртвено јагне, рече: „Мојата објава не содржеше никакви антисемитски изјави. Произволните дејствија преземени против мене произлегуваат од злонамерни внатрешни пресметки и низа лажни гласини.“
Истакнувајќи дека против него е подигната истрага по неговата објава „Слободата на изразување во Европа е илузија“, Салим нагласи дека слободата на изразување и мислата во Европа е само заблуда.
Салим рече дека не употребил антисемитски израз додека ја вршел својата работа и дека ќе ја тужи „Дојче Веле“.
Петер Лимбург, генералниот директор на „Дојче Веле“, на вчерашната прес-конференција потврди дека пет арапски новинари се отпуштени, а истрагата е во тек против осуммина осомничени.