Rania R.a. Abushamala
17 Ноември 2026•Ажурирано: 17 Ноември 2026
На островот Кешм во Јужен Иран, кој се наоѓа во Ормускиот Теснец, денес одекнала експлозија, а над островот бил забележан чад, јави новинската агенција „Фарс“, пренесува Анадолу.
Причините за експлозијата сè уште не се познати.
Според „Фарс“, жителите слушнале експлозија што доаѓала од правец на северозападниот дел на градот Кешм. Во исто време на небото над островот бил забележан чад.
Кешм, најголем ирански остров, се наоѓа покрај северниот пристап кон Ормускиот Теснец – клучна маршрута за транспорт на нафта и гас од земјите од Персискиот Залив кон меѓународните пазари.